КРАТКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Компанијата Roll-eksport ДООЕЛ Скопје е во приватна сопственост и e основана во далечната 2003 год. од г-дин Игор Сталески , е со седиште на ул.Боро Тодорови бр.23 нас. Керамидница.

 

Основна цел на компанијата е да обезбеди сигурност и безбедност во домот, одлична звучна и термичка изорација и да одезбеди подобар визуелен изглед по желба на клиентот а со тоа и зголемено задоволство на потрошувачот. Наши клучни потрошувачи се клиенти кои имаат потреба од производи изработени со високо квалитетени материјали кои се тестирани и докажани, клиенти кои имаат потреба од изработка на производи по однапред земени димензии со боја и дизајн по желба и нарачка изработени посебно за нив со кој би ги задоволиле барањата и очекувањата на потрошувачот.

 

Основна дејност на компанијата е производство и монтажа на

- Пвц прозорци и врати

- PVC и AL. надворешни ролетни

- Сите видови на комарници

- Венецијанер, вариолајт, роло и зебра завеси

- Соломатик ролетни

 

Во Roll-eksport веруваме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна пракса со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која делуваме.

 

Одговорното работење, грижата за нашите вработени, заедницата и животната средина во која опстојуваме се исклучително важни сегменти од стратегијата на нашата компанија. Посветено работиме на развој на мултидимензионална програма за општествена одговорност која покрива широк спектар на области во и вон компанијата. Со тоа ја исполнуваме нашата визија, да оставиме значаен белег врз заедницата, но и да бидеме добар корпоративен граѓанин и компанија за пример.